Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Полска преговара да добие нуклеарно оружје, ќе го користи само ако дозволи Вашингтон

„Проблемот е пред сè тоа што немаме нуклеарно оружје. Ништо не укажува на тоа дека Полска би можела да го има во скоро време. Секогаш постои можноста за учество во програмата „Нуклеарно споделување“. Разговаравме со американските лидери за тоа дали САД размислуваат за таква можност. Темата е отворена“, кажа Дуда во интервју за полскиот неделник Газета полска.

Полскиот претседател кажа дека руските закани со употреба на нуклеарно оружје укажуваат на размислувањето дека „ако Русија не биде голема, светот може да престане да постои“.

„Ако Русија почне нуклеарна војна, одговорните за тоа ќе бидат проколнати во целиот свет“, кажа Дуда.

Во програмата за заеднички нуклеарен одговор се вклучени Белгија, Холандија, Германија, Италија и Турција и тие имаат нуклеарно оружје во нивните бази, но може да се употреби само во рамки на заедничката одбрана на НАТО и со дозвола од САД.

Германскиот весник ФАЗ во мај пишуваше за можноста да се смени стратегиската концепција во НАТО и во нуклеарната програма да се вклучат и некои земји од источното крило на НАТО.