Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Поради ова момче Александра Пријовиќ побегнала од дома: Сакала да се омажи за него, но полицијата ја спречила – денес не го интересира пејачката (ФОТО)

Познатата и атрактивна пејачка Александра Пријовиќ (27) веќе некое време ужива во среќен и складен брак со Филип Живојиновиќ, а својата љубов парот ја круниса со преслаткиот син Александар и нивната брачна идила не може речиси никој да ја сруши.

За домашната јавност љубовниот живот на популарната пејачка започна кога таа заплови во врска со Филип, но тоа не е точно така.

Имено пред да го запознае синот на Брена, Александра била заљубена во музичарот Миомир Јовановиќ поради кој своевремено избегала од дома на само 15 години, пренесуваат српските медиуми.

Таа откако побегнала сакала и да се омажи за него, но нејзината мајка со помош на полицијата успеала да ја врати својата ќерка.

По тој повод неодамна се огласил и самиот музичар кој само кратко рекол, „младост – лудост“.

-Бевме двајцата млади, јас сега имам сопруга и тоа е минато, изјавил своевремено музичарот за српските медиуми.