Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Поради стравот од директен конфликт со Русија, Германија го одложува испраќањето крстосувачки ракети во Украина

Од: А1он

Германија ја одложува испораката на крстаречки ракети со долг дострел Таурус за Украина поради страв од директна конфронтација со Русија, пишува Волстрит журнал, повикувајќи се на германски официјални лица.

Според него, Германија стравува дека на Таурус ќе му требаат германски специјалисти за работа, а тоа би можело да го турне Берлин во директна конфронтација со Москва. Според весникот, германскиот канцелар Олаф Шолц лично ја прекинал испораката на ракетите поради оваа загриженост.

Украина веќе подолго време бара од Германија да ги предаде крстосувачките ракети Таурус, но Шолц засега се воздржува да одговори на повиците од украинската страна. Тој рече дека сите чекори поврзани со испораката на оружје се координирани со партнерите и истакна дека приоритет на Германија останува да и обезбеди на Украина системи за противвоздушна одбрана и артилериска муниција.