Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Претседателот на МОК ќе биде меѓу гостите на Мундијалот во Катар

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах најави дека ќе патува на Светското фудбалско првенство во Катар и со тоа ги отфрли повиците за бојкот на Мундијалот што на крајот на ноември ќе почне во оваа арапска држава,

Ќе бидам во Катар на отворањето и финалето на Мундијалот, изјави Бах, кој присуствуваше и на светските првенства 2014 во Бразил и 2018 во Русија.

Одговарајќи на прашање поврзано со апелите за бојкот на Мундијалот поради тешките услови за работа на странските мигранти, ограничувањето на човековите права и заштитата на животната средина во Катар, првиот човек на олимпиското движење го отфрли самиот принцип на бојкот на спортските натпревари.

Нашиот став е апсолутно јасен: главните спортски настани, а особено Олимписките игри, постојат за да го обединат светот, а не го делат, изјави Бах.