Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Приведен криумчар на мигранти, превезувал лица од Сирија

На 05.10.2022 во 18.50 часот на регионален пат Удово – Демир Капија, во близина на с.Градец, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода М.А.(23) од Лозово. Тој бил забележан како со возило „волво“, со италијански национални ознаки, превезува лица мигранти. Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода.

Притоа, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. М.А. бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.