logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo
star Bookmark: Tag Tag Tag Tag Tag
Macedonia

Приведен убиецот кој со секира ги искасапи двете кучиња во Аеродром

Од:

Вечерва бил приведен убиецот на Гоца и Макс – двете кучиња од населбата Аеродром кои беа крвнички убиени со секира во септември годинава.

Станува збор за 17-годишниот Горјан С., а бил приведен откако полицијата го идентификувала од снимките на околните камери на кои се гледало како тој ги убива кучињата.

Тој ќе одговара по член 233 од Кривичниот законик за мачење животни.

Крвавиот настан се случи во септември годинава, кога утрината жителите од Аеродром на булеварот АВНОЈ ги пречека ужасна слика на искасапени кучиња.

„Едното го најдовме мртво, а другото испушти душа во најлоши маки на пат до ветеринарна станица каде што го носеа активистите и се обидуваа да го спасат. Локви крв имаше насекаде, што значи дека убиецот ги бркал кучињата пред да ги убие“, сведочеа тогаш жителите.

Стануваше збор за две улични кучиња, Макс и Гоца, за кои жителите се грижеле со години и велеа дека биле неверојатни мирни и кротки миленици.

Пред речиси 3 години, сред бел ден во Дебар Маало со секира беше убиен маалскиот миленик Идриз, а виновникот не се криеше. Љубителите на животни организираа протести, додека пак убиецот заврши со изречена мерка за наплата на глоба со вкупен износ од 1.000 евра.

Themes
ICO