logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo
star Bookmark: Tag Tag Tag Tag Tag
Macedonia

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец декември 2019 година | Академик

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец декември 2019 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец декември 2019 година, заедно со табеларниот преглед.

На 1 декември стапуваат во примена одредби од Законот за акцизи во врска со акцизните марки за тутунски производи. На 9 декември стапуваат во примена одредби од Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста во врска со  начинот на објавување на огласите и известувањата. На 31 декември стапуваат во примена одредби од Законот за платниот промет во кои се пропишува дека учесникот во платниот промет не може да врши плаќање со пресметка доколку има блокирана трансакциска сметка.

На 1 декември стапуваат во примена одредби од Правилникот за изменување на Правилникот за формата и содржината на обрасците на барањата за издавање на меѓународната возачка дозвола и одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство, како и формата и содржината на образецот на меѓународната возачка дозвола и одобрението за управување со туѓо моторно возило во странство; одредби од Правилникот за изменување на Правилникот за формата и содржината на обрасците на сообраќајната дозвола и на потврдата за пробно возење, како и начинот и постапката за нивно издавање и одредби од Правилникот за начинот, правилата и посебните услови за вршење на надзор на здравствената способност на персоналот во воздухопловството, медицинските служби на аеродром, овластените здравствени установи и овластените лекари поединци – АМЕ, како и посебните услови кои треба да ги исполнува лице за да врши работи на инспектор за воздухопловна медицина.

На 17 декември стапуваат во примена одредби од Правилникот за странци. На 19 декември стапуваат во примена одредби од Правилникот за условите кои треба да ги исполни националната референтна лабораторија. На 31 декември стапува во примена Одлуката за методологијата за управување со ризиците.

На 31 декември престануваат да важат одредби од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски, како и одредби од Законот за здравственото осигурување и одредби од Законот за поштенските услуги.

На 31 декември престануваат да важат одредби од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за документите што ги доставува издавачот на хартии од вредност при поднесување на барањето за одобрение на јавна понуда на хартии од вредност и  одредби од Одлуката за ослободување од обврска за користење на интегриран автоматски систем за управување на вршителите на авто-такси превоз на патници… Целосен табеларен преглед на прописите чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат.

Themes
ICO