Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Путин денеска анектира 15% од Украина, плоштадот во Москва спремен (ФОТО)

Според неговиот портпарол Дмитриј Песков, пред да го одржи својот говор Путин во Кремљ ќе ги потпише пристапните документи.

Планиран е и поп-концерт на Црвениот плоштад, каде што се поставени бина, големи екрани и пораки дека украинските региони се всушност руски. Церемонијата ќе почне во 14 часот.

Територијата што Русија ја контролира во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје изнесува околу 15% од вкупната површина на Украина. Припојувањето на четирите окупирани региони кон Русија се случува само неколку дена по т.н. „референдуми“, кои меѓународната заедница ги смета за незаконски.

Во Москва со денови се одвиваат подготовките за анексијата или припојувањето украинска територија голема колку Португалија или Унгарија.

На Црвениот плоштад во Москва има видеоѕид со натпис „Доњецк, Луганск, Запорожје, Херсон - Русија“. Во Кремљ се очекува Путин да одржи говор, кој ќе биде емитуван на видеоѕидот на Црвениот плоштад.