Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Рекордно ниво на инфлација: За да го “истурка“ месецот на едно семејство му требаат 50.224 денари, најголем дел од граѓаните не можат да ги платат ниту основните трошоци

Рекордно ниво на инфлација во земјава – во септември годинава во споредба со истиот месец лани достигна 18,7%  додека цените на мало се зголемени за  14,7%, анализира ТВ 24.

Новите податоци од Заводот за статистика покажуваат дека драматичен ценовен раст има  кај основните прехранбени производи. Така трошоците на живот најмногу се зголемиле кај лебот и житата за 47,7%  за маслата  44,8% за млеко и млечни производи 36,0% за месо  26,2% за шеќер и слатки 22,8%.

Не само кај прехранбените производи, нов ценовен удар и кај горивата и енергијата па така само кај течните горива трошците се зголемени за скоро 50 отсто , кај цврстите за 35% , а кај гасот за 34,1%.  Ценовнитот раст се прелеа и во усготитетството и хотелиерството- зголемени трошци за живот за повеќе од 26%

Oд ССМ за ТВ 24 соопштија, за да се истуракал месец септември на едно семејство му биле потребни 50.224 денари, најголем дел од сумата или скоро 75 отсто завршувала само за храна и за сметки.

Сe потешката живеачка, граѓаните ја чувствуваат секојдневно во пазарањето, селектираат кои производи ќе ги купат.

Кај индексот на цени – најголем раст има кај индустриско-прехранбените производи за 28.9 %, потоа  кај прехранбените производи за 25.2%, индустриските производи за 19,2% и земјоделските производи за 16,1%.

За да го ублажи ценовниот раст Владата ги огранички маржите -освен за лебот, шеќерот и брашното сега  и за млечните рпоизводи. Пред оваа мерка цените на млекото, јогуртот и млечните производи драматично се зголемија.