Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Режисерката и поранешната амбасадорка Андријана Цветковиќ програмски директор на Токио Интернационалниот филмски фестивал во Јапонија

Меѓународниот Интернационален Филмски Фестивал во Токио (ТМФФ) оваа година ја лансира програмата „SDGs in Motion“ револуционерна филмска секција посветена на филмови и наративи кои ги одразуваат целите за одржлив развој на Обединетите Нации (SDGs).

Главен програмски директор на програмата  „SDGs in Motion“ е Др. Андријана Цветковиќ, Цветковиќ е воедно и еден од иницијаторите на оваа идеја и со себе носи години на експертиза како филмски режисер и доктор по филмска уметност, поранешен Амбасадор на Македонија во Јапонија и моментален Советник на Министерот за Култура на Јапонија за Меѓународна Соработка.

Др. Цветковиќ беше дел од жирито на фестивалот во 2021 година и е член на друштвото на режисери на Јапонија. Д-р Цветковиќ има одржано многу лекции и говори на темата одржлив развој, меѓу другото и на конференција на Обединетите Нации во Сендаи, посветена на климатските промени.

Оваа година „SDGs in Motion“ се фокусира на Целите 1 (редуцирање на сиромаштијата), 5 (родова еднаквост), 13 (Зачувување на животната средина) и 16 (мир, правда и силни институции). Овие цели не се само апстрактни идеали; туку се повик за акција и план за подобро утро.

Функцијата на оваа програма како дел од овој светски фестивал од А класа, каде оваа година претседател на жирито е Вим Вендерс, е да служи како катализатор за започнување на дискусии по важни теми, рушење на табуа, и поддршка на глобалното единство во врска со најактуелните проблеми на нашето време како правата на жените, заштита на животната средина, градење на силни институции и слично. Оваа година филмовите кои Цветковиќ ги селектираше се од светски режисерки имиња, и филмови кои веќе се добро познати на светската јавност, и носат длабоко човечки пораки низ впечатливи наративи, често базирани на вистински приказни.

Во програмата оваа година меѓудругите се вклучлени и филмовите „Ерин Брокович“, на Стивен Содерберг, „Ветена Земја“ на Гус Ван Сант и „Медена Земја“ од Македонија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, како единствен европски филм кој е селектиран.

Главниот програмски директор, режисерката и поранешен на амбасадор на Македонија во Јапонија д-р. Цветковиќ за оваа селекција вели:

„Пред три години предложив на фестивалот да отворат нова програма за филмови кои се бават сериозно со глобални теми кои имаат потенцијал да го сменат начинот на кој определени проблеми се перципираат во јавноста, а се со потенцијал да го сменат светот бидејќи имаат моќ да влијаат на промена на свестта на огромен број на луѓе поради својата популарност. Мене лично, некои филмови ми го смениле начинот на размислување и ме поттикнале да бидам активна на определено поле, и сметам дека не сум единствена. Затоа важно е да ги негуваме таквите филмови, и да им дадеме посебно место на вакви фестивали како Токијскиот, кој е посетуван од илјадници филмачии и новинари од целиот свет секоја година. Секако, во се што работам па и во ова се обидувам на секој начин да ја промовирам и Македонија, па затоа и оваа година решив да поддржам уште еден македонски филм да се прикаже на филмското платно на Интернационалниот Филмски Фестивал во Токио. Оваа година тоа е Медена земја, филм кој сметам дека е еден од најважните филмови кои излегле од Македонија во светот. Ги охрабрувам и другите филмаџии од Македонија и регионот, да размислуваат во оваа насока во нивниот филмски наратив и креативност“, вели Цветковиќ.

Таа додава дека гледајќи напред, планираме оваа категорија на филмови преку партнерства, визија и колаборација да се развие во една од водечките филмски програми на фестивалот и веќе од следната година оваа категорија да има и натпреварувачки карактер.

„Во овие одлучни моменти во историјата, обединетостта носи огромен потенцијал за промени. Филмот, со својата врска да ги допре срцата на гледачите, и филмските креатори, со нивната способност да предадат моќните пораки, играат голема улога во оваа трансформација. Тоа е и впрочем магијата на филмот- преку приказни, визуелно да ги наслика состојбите и приликите на човештвото денес, и да предизвика потреба кај гледачот да превземе чекори, и акција за промени. Промени, кои се дел од нашиот колективен развој и кои се неопходни без одлагање“, истакнува Цветковиќ.

Освен филмската програма во рамките на фестивалот планиран е и симпозиум поврзан со овие теми низ призмата на јапонските режисери, продуценти, светски познати директори на филмски фестивали и други чинители кои се дел од екосистемот на филмската индустрија.

Фестивалот ќе се одржи од 23 октомври и ќе трае до 1 ноември 2023 година, додека симпозиумот ќе се одржи на 28 октомври.