Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Русковска: Бев дел од групата за измените на Кривичниот законик, но нашиот предлог е сосема поинаков

Од: Александар Тодески

Поранешната шефица на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска била дел од работната група која ги кроела измените на Кривичниот законик, но за А1он негира дека се работи за измените кои со европско знаменце и по брза постапка беа донесени во Собранието.

„Нашиот предлог е сосема поинаков. Направивме посебно кривично дело за јавните набавки, а казните си беа како пред да се случат измените“, вели Русковска за А1он.

Со актуелните измени, се избришаа членовите кои предвидуваа казни за злоупотреба на јавни набавки и оштетување на Буџетот. Но според обвинителката, токму за јавните набавки тие дале предлог да има казни.

Работната група пак, била формирана во декември 2020 година, а во неа учествувале судии, обвинители, претставници на Хелсиншкиот комитет, МАНУ, како и адвокати. Претседател на Работната група бил Владо Камбовски, а меѓу другите, учествувале и екс министерот за правда, Никола Тупанчевски и шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски.