Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Салвини: Десничарската коалиција ќе обезбеди петгодишна стабилност во Италија

Од: А1он

Десничарската коалиција која победи на парламентарните избори во Италија ќе обезбеди петгодишна стабилност во земјата, изјави денеска на прес-конференција лидерот на партијата „Лига“, Матео Салвини.

dobivaj vesti na viber

Салвини најави дека подоцна ќе разговара со Џорџа Мелони, која според прелиминарните податоци води на изборите во Италија, за започнување на процесот за формирање нова влада.

„Очекувам најмалку пет години да одиме напред без промени, без пресврт, со одредување на приоритетните работи што треба да ги направиме. Вчера разговарав со Мелони и секако и честитав, добро се снајде – ќе работиме заедно уште долго“, рече Салвини.

И покрај тоа што беше дел од победничката коалиција, Лигата освои само околу 9 отсто од гласовите, што е помалку од нејзиниот резултат од 17 отсто четири години претходно.

Преостанатите две партии во коалицијата – победниците „Италијански браќа“ и „Напред, Италија“ освоија околу 26 отсто, односно 8 отсто.

Извор: МИА