Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

СДСМ се оградува од објавата на Фејсбук страницата на локалната организација во Арачиново

Од: А1он

„СДСМ целосно се оградува од објавата на Фејсбук страницата на локалната организација во Арачиново. Станува збор за злоупотребата на страницата спротивна со вредностите и политиките на СДСМ за што ќе следи целосно расчистување на случајот и одговорност“, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Армијата е за професионалци и нема простор за ништо друго. Пријавувањето и селекциите за конкурсите за професионални војници се спроведуваат по највисоки стандарди од страна на надлежна институција која нема никаква врска со ниту една политичка партија.

По спроведените реформи во изминатите години, токму од страна на СДСМ, одлика на Армијата е професионалност и стручност по највисоки стандарди, за што сите ние сме особено горди.

Впрочем, затоа и Ковачки веќе не е дел од Армијата, дезертираше и одбра да му служи како чирак на шпицниот градоначалник Мицкоски“, се додава во соопштението на СДСМ.