Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

СДСМ: Уплашениот Мицкоски си нарачува анкети за да си ја задржи фотелјата во Белиот дворец

На Христијан Мицкоски му пропаднаа сите лаги, сите блокади, сите обиди за насилни и крвави сценарија. Заради лична корист, Мицкоски ги лажеше граѓаните, ги лажеше своите коалициски партнери, го лажеше и своето членство, го повикуваше на протести на кои ниту самиот тој не се појавуваше. Откако беше прочитан, Мицкоски остана сам и изолиран со поддршка единствено од Левица и Димитар Апасиев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ смета дека по сите порази, Мицкоски е уплашен за својата фотелја во Белиот дворец, затоа си нарачува анкети со штелувани резултати, во кои не верува ниту членството на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сето ова е веќе видено, скогаш кога на Мицкоски му се ниша фотелјата, тој нарачува анкети за да му го држат стравот. Ниту една фингирана анкета не го сокрива фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат против граѓаните, против државните и националните интереси“, велат од СДСМ.