Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

СДСМ за поканата на Мицкоски: Потребна е работа, за дебатирања има време

Потребна е работа а за дебатирања има време. Ваков одговор дава СДСМ на понудата на опозицискиот лидер Мицкоски за дуел со Ковачевски.

„Граѓаните очекуваат работа и резултати. Наместо празни зборови, Христијан Мицкоски најавената конструктивност треба да ја покаже внатре во Собранието.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од блокадите и деструкциите, да бидат усвоени Законот за енергетика, Законот за нафта и нафтени деривати и уште над 50 други законски решенија.

Државата и сите наши граѓани имаат потреба од единство и заедничко делување, во однос на соочување со предизвиците од глобалната енергетска и економска криза, но и за стратешките интереси на земјата и поефикасно спроведување на преговорите за членство во ЕУ.

Што се однесува до предлозите на Мицкоски за енергетиката тие досега се само обичен сублимат на изјавите на претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски“, се вели во реакцијата на СДСМ.