Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Седлоски: Со помош на навивачите да дојдеме до резултат со кој ќе го поминеме Шамрок

Доколку Шкупи го помине Шамрок ќе дојде на еден противник до групната фаза од Лига Европа, но и веќе ќе има сигурен пласман во групната фаза од Конференциската лига и ќе се избори за европска есен.

Шамрок го доби првиот дуел со 3-1, па задачата на Шкупи да ја анулира таа предност во Скопје нема да биде нималку лесна.

„На европските мечеви мора да си сто отсто концентриран и не смее да грешиш, зашто грешките се казнуваат. Криво ни е што примивме такви голови, почнувајќи од Линколн, па Динамо, сега Шамрок. Но, јас имам верба во фудбалерите ако се поставиме како во второто полувреме во Ирска. Мора да тргнеме од почеток, нормално е да сме внимателни и во одбраната, но нѐ чека квалитетен противник. И самите гледате дека ирските тимови одат во следната фаза. Ние ќе се обидеме со помош и на навивачите да дојдеме до резултат кој нѐ носи понатаму. Ќе дадеме сѐ од себе, но многу ќе зависи и како ќе се постави Шамрок“, вели Седлоски.

Капитенот и голманот на Шкупи, Кристијан Наумовски смета дека не заслужиле таков пораз во Ирска, тој е оптимист дека на крајот тие ќе искочат како вкупни победници.

„Шамрок ни доаѓа со два гола предност со тој погодок на крајот, но фудбалот се игра до крај. Не го посакував овој резултат и не го ни заслуживме, но не бараме алиби, ако среќата ни го сврте грбот, а црвениот картон исто така нѐ поремети. Сега играме во Скопје, сигурен сум ако одиграме како во второто полувреме таму, ќе одиме понатаму. Знаеме колку е важен овој меч и верувам дека сите ќе го оставиме срцето на терен“, вели Наумовски.