Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Шакира ќе одговара пред шпанскиот суд за затајување данок

Од: А1он

Колумбиската музичка ѕвезда Шакира ќе одговара пред шпанскиот суд за наводи за даночна измама во износ од 14.5 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Судот во Барселона наложи дека на пејачката треба да ѝ се суди за шест наводни даночни кривични дела, иако датумот сè уште не е одреден.

Шпанското обвинителство сака да ја затвори суперѕвездата на осум години и да ја казни со 23.8 милиони евра доколку биде прогласена за виновна.

45-годишната ѕвезда негира дека сторила какво било кривично дело.

„Уверена сум дека имам доволно докази за да го поддржам мојот случај и дека правдата ќе победи во моја корист“, рече таа неодамна во интервју за шпанското издание на магазинот Elle.

Адвокатскиот тим на Шакира во соопштение рече дека ќе ја завршат својата работа со презентирање аргументи во соодветно време.

Таа претходно ја отфрли спогодбата понудена од обвинителите, и наместо тоа, одлучи да оди на судење.