Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Швајцарија ќе уништи 10,3 милиони вакцини против Ковид-19 на Модерна

Од: А1он

Швајцарија е принудена да уништи 10,3 милиони дози од вакцината против коронавирусот на Модерна, бидејќи им истече рокот, соопшти швајцарското Министерство за здравство.

dobivaj vesti na viber

Вредноста на вакцините што треба да се уништат е околу 280 милиони швајцарски франци (294 милиони евра).

Според швајцарското Министерство за здравство, 2,5 милиони дози од вакцината сè уште се чуваат во воената логистичка база, а 7,8 милиони се чуваат во магацин во Белгија. Стратегијата на Швајцарија за снабдување со вакцини од почетокот на пандемијата беше да се нарачаат повеќе дози отколку што е потребно за 8,7 милиони жители на Швајцарија.

Швајцарија нарача вакцини против Ковид-19 од различни производители. Во јуни швајцарските медиуми објавија дека земјата има вишок од 38 милиони дози на различни вакцини против коронавирусот, чии рокови ќе истечат пред крајот на годината.

Во Швајцарија од почетокот на пандемијата починаа 13.556 луѓе, а речиси 70 отсто од населението е вакцинирано.

Извор: МИА