Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Си-ен-ен: САД веруваат дека зад убиството на ќерката на Дугин стои украинската влада

Според изворите на Си-ен-ен, САД не биле свесни за украинскиот план и сè уште е нејасно за кого точно САД веруваат дека го одобрил убиството на Дугина. Исто така, не е јасно дали американските разузнавачи веруваат дека украинскиот претседател Володимир Зеленски бил свесен за заговорот или дали го одобрил.

Но разузнавачкиот наод, за кој прв јави Њујорк тајмс, изгледа дека ги потврдува елементите од извештаите на руските власти дека бомбашкиот напад бил планиран во Киев. Русија ги обвини украинските власти дека се одговорни за убиството, што Украина решително го негираше по експлозијата.

Функционерите на украинската влада не одговориле веднаш на барањето на Си-ен-ен за коментар. ЦИА, Стејт департментот и Националниот совет за безбедност одбиле да коментираат.

Според изворите на Си-ен-ен, американските разузнавачи веруваат дека Дугина го возела автомобилот на нејзиниот татко ноќта кога беше убиена и дека Дугин бил вистинската цел на операцијата.

Александар Дугин е руски националист и филозоф кој е жесток заговорник на војната во Украина.

Ако податоците на Си-ен-ен се точни, тогаш сигнализираат ширење на украинските тајни операции на позната политичка фигура, кој е цивил, во Москва.

До денес украинските напади во Русија главно беа ограничени на складишта на гориво и воени бази во градовите долж руско-украинската граница, како Белгород. Но Вашингтон нема добар увид во сите планирани напади на Киев, кажале изворите за Си-ен-ен.