Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

СКАНДАЛ: Директорот на ЈСП со закани до советникот Јаневски – сакал физички да се пресмета, а еве каков одговор доби!

По завршувањето на денешната седница, в.д. директорот на ЈСП Скопје,  Александар Стојковски, лично ми се закани дека физички ќе се пресмета со мене, обелодени советникот Филип Јаневски од партијата „Глас за Македонија“.

„Критиките кои ги упатив за неговото неработење, непочитување на одлуките на Советот на Град Скопје како и самоволието на директорот, беа причина тој да ми упати закани во неколку наврати!

Како млад политичар со интегритет, кој секогаш ги брани интересите на граѓаните, никогаш нема да потклекнам на притисоци и закани од било кој поединец или група и ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните на Град Скопје“ – реагира Јаневски!