Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Сколс го пофали Тен Хаг за одлуката Мегваер да биде резерва

Од: А1он

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Пол Сколс верува дека тренерот Ерик Тех Хаг ја направил вистинската работа со капитенот Хари Мегваер. По двата последователни порази на стартот од Премиер лигата, Холанѓанецот реши да го пресели капитенот на клупата, потоа Јунајтед започна да победува.

dobivaj vesti na viber

Тимот од „Олд Трафорд“, победи на четири од следните пет натпревари, а Мегваер продолжи со лошите партии, но во дресот на репрезентацијата на Англија.

Селекторот на Англија Герет Саутгејт и покрај грешките што ги направи против Германија, смета дека Мегваер е „еден од најдобрите играчи во Англија“. Сколс има поинакво мислење.

„Охрабрен сум од она што го видов од Тен Хаг досега. Многу работи смени по поразот од Брентфорд. Едноставно кажа, нема повеќе да играме од првата линија. Дајте им ја топката напред на најдобрите играчи. Го стави во центарот Кристијан Ериксен кој знае да дели топки. Мораше да го остави надвор од тимот Хари Мегваер. Тоа е храбра одлука, тој е храбар менаџер“, изјави Сколс.

Јунајтед има пеколен распоред во октомври.

„Црвените ѓаволи“ ќе одиграат девет натпревари за 28 дена, а првиот голем тест е во недела кога во градското дерби му гостуваат на Манчестер сити.

Извор: Топспорт