Macedonia

Сорос им вети милијарда долари помош на универзитетите (ВИДЕО)

Сорос на Светскиот економски форум во Давос кажа дека сака да ги поврзе постоечките универзитети из светот, како одговор на глобалното загревање, протестните движења низ светот и политичките трендови.

„Минатата година најјаките сили – САД, Кина и Русија – останаа во рацете на диктаторите и оние кои сакаат да бидат диктатори, а бројот на авторитарните лидери продолжи да расте“, кажа осумдесет и деветгодишниот милијардер на вечерата која секоја година ја организира во Давос.

И Централноевропскиот универзитет (ЦЕУ) кој го основа и финансира Сорос ќе биде дел од мрежата.

Сорос беше принуден да го пресели ЦЕУ од Будимпешта во Виена минатата година откако Унгарија на Виктор Орбан законски го оневозможи неговото функционирање.

Дел од средствата на Сорос ќе им бидат донирани на студенти бегалци и затвореници, како и на студенти Роми.

Сорос е жесток критичар на политичарите како американскиот претседател Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан, а крајната десница го обвинува Сорос за промовирање и финансирање на нелегалната масовна емиграција во Европа.