Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Стојаноска: Уставни измени по бугарски диктат нема да има

„Ние повикуваме да ја свикаат таа фамозна 123-та седница пленарна и да се завршат овие приказни бидејќи навистина го оптеретуваат народот со работи кои што за нас се многу јасни и уште со самото изгласување на т.н. француски протокол. Залудни се сите обиди на власта“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија на Алфа телевизија.

Стојаноска рече дека залуден е обидот на власта без разлика кого и да вмешаат. Власта треба да знае пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат уставни измени по бугарски диктат.

„Нашиот став е јасен и ништо нема да го промени. Едвај чекаме да се случи таа седница. Но, за жал се повеќе мислам дека никогаш нема да има нејзино продолжение, затоа што не можат да соберат ниту 80. А, Ковачевски пред некоја недела се охрабри и кажа 118 пратеници ќе гласаат за уставни измени, ја замајува само јавноста“, укажа таа.

Таа посочи додека сиромаштијата зема се поголем замав во земјава, додека криминалот е на високо ниво, власта единствено говори за уставните измени.

„Уставни измени нема да се случат без разлика што и да понудат од власта. Бугарски диктат за уставни измени не прифаќаме. А, овие уставни измени се такви“, нагласи Стојаноска.