Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

СВР Штип: 21 товарно возило упатени на вонреден технички преглед

Денеска (04.10.2022) во времето од 07.00 до 11.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат товарни возила. За време на контролата 21 возило биле упатени во станица за вонреден технички преглед.

Притоа биле констатирани 4 прекршоци во однос на возила, од кои 3 за техничка неисправност и 1 за неносење сообраќајна дозвола. Преземени се 4 мерки за констатирани прекршоци кај возачи, од кои 3 за бесправно управување и 1 на возач почетник.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.