Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Тие се енергетски вампири: Овие цвеќиња не треба да ги чувате во домот, привлекуваат и несреќа

За кактусите е веќе познато, но уште две билки привлекуваат несреќа. Монстера или позната како филадендрон и дифенбахија носат лоша енергија.

Ако размислувате да ги чувате како собни растенија, избегнете ги.

Овие билки се сметаат за енергетски вампири. Експертите велат дека тие ја исцрпуваат менталната сила на своите сопственици и внесуваат раздор во односите.

Најнегативно влијание имаат во мали станови. Ако веќе сакате да ги имате, добро е да ги чувате во поголеми и просторни простории отколку во помали.

Дифенбахијата е отровна билка која не би требало да ја имате во домот ако имате мали деца или домашни миленици.

Големата монстера која се шири и расте претставува симбол за напредок и просперитет во работните простории, но не и во домот.