Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Топлана Скопје север утринава пушти парно за домаќинствата од Бутел и Чаир

Утрово скопските семејства во Бутел и Чаир се разбудија со парно, а останатите домаќинства во главниот град со студени радијатори. Граѓаните од Бутел и Чаир, се греат на Топланата Скопје север и станува збор за околу 500 семејства.

Како што пренесува Фактор, топланите Скопје Север и Енергетика, деновиве ги купиле потребните количини на гас за неколку дена од Макпетрол, компанија која го набавува овој енергенс од Гаспром.

Дека топланата Скопје Север и утрово пушти парно, за Фактор потврди директорот на Топлана Скопје Север, Куштрим Рамадани.

– Точно е дека набавивме гас за следните неколку дена, и ако прогнозите нагло не се сменат, во вторник наутро треба да има парно, а ќе пуштиме и во среда. Системот технички е во ред, денеска ги правиме потребните проверки, изјавил вчера Рамадани за порталот.