Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Трагедија: Убиен омилениот џиу-џицу борец, беше осумкратен светски првак

Еден од најдобрите џиу-џицу борци на сите времиња, Леандро Ло, трагично го загуби животот откако беше застрелан во главата од човек со кого влегол во конфликт на забава во дискотека во Сао Пауло. Леандро Ло беше осумкратен светски првак во три различни категории во џиуџицу и важеше за една од омилените личности во овој спорт, пренесе ЕКИПА.

„Идолот на нашиот спорт, Леандро Ло, прерано не напушти. Сочувство до семејството и до сите оние луѓе врз кои Леандро влијаеше со својата позитивна енергија, кои поради него облекоа кимоно ширум светот“, објави Бразилската конфедерација на џиу-џицу.

Според бразилските власти, убиецот е веќе уапсен. Станува збор за лице со дебело полициско досие, кое влегло во конфликт со Леандро Ло во дискотеката, за кога двајцата го напуштиле локалот, го застрелал шампионот од непосредна близина во главата.