Macedonia

Трамп се закани со траен прекин на финансирањето на СЗО и разгледување на членството

Трамп во април привремено го прекина американското финансирање на СЗО, обвинувајќи ја организацијата за промовирање на кинески „дезинформации“ во врска со појавата на инфекцијата на коронавирусот, иако официјални претставници на СЗО ги негираат обвинувањата и Кина објави дека била отворена и транспарентна.

„Доколку СЗО не направи значителни фундаментални подобрувања во текот на следните 30 дена, мојата привремена суспензија на американското финансирање ќе го направам трајно и ќе го разгледам нашето членство“, рече Трамп во писмото до лидерот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус објавено на Твитер.

Претходно во текот на денот Трамп изјави дека СЗО „направила многу тажна работа“ во управувањето со коронакризата и дека одлуката за понатамошното американско постапување ќе ја донесе многу брзо.

Во писмото, американскиот претседател вели дека единствениот пат напред по кој ова тело може да се движи е да покаже целосна независност од Кина, истакнувајќи дека неговата администрација веќе започнала разговори за реформи со лидерот на СЗО.

Во понеделникот, Светската здравствена организација соопшти дека со независната ревизија на глобалниот одговор на коронавирусот ќе започне што е можно поскоро и дека добила поддршка и залог за голема финансиска уплата од Кина, која се наоѓа под посебна лупа како извор на пандемијата.

Претходно американскиот претседател ја обвини Светската здравствена организација (СЗО) дека е „кинеска марионета“, повторувајќи ги своите критики на сметка на СЗО во врска со управувањето со коронакризата.

„Не сум задоволен од Светската здравствена организација“, рече Трамп и додаде: „Таа е кинеска марионета“.

Вашингтон досега уплаќаше најголем финансиски придонес кон Светската здравствена организација, со седиште во Женева. Но, во последните неколку недели, Трамп ги повторува обвинувањата против СЗО, тврдејќи дека таа застанала на страна на Кина, маскирајќи ја сериозноста на ситуацијата со коронавирусот кога се појави во декември.

Тој исто така го обвинува СЗО, чија главна задача е да ја координира ситуацијата со здравствените кризи во светот, за игнорирање на предупредувањата на Тајван за сериозноста на заразата со коронавирус.

Најновата илустрација за нарушените односи меѓу САД и Светската здравствена организација е изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој во понеделникот го критикуваше лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, обвинувајќи го за „недостаток на независност“, бидејќи одлучи да не го покани Тајван да присуствува на годишното собрание, што според Помпео е резултат на притисок од Кина.

Според Трамп, САД плаќаат околу 450 милиони долари годишно на СЗО, додека Кина плаќа само 40 милиони долари. Една од идеите беше „да ги спуштиме нашите 450 на 40“, но „некои мислат дека тоа е премногу“, рече Трамп.

Пандемијата на коронавирусот, која започна во Кина, предизвика големи економски проблеми низ целиот свет, како и смрт на 316.000 луѓе, од кои речиси една третина се во Соединетите Држави.

Football news:

Ole Gunnar Solskjaer: I Think it was a penalty against Aston Villa
Philadelphia played in t-shirts with the names of black people who died at the hands of the police
Kompany tries everything at Anderlecht: he coached without a license (terrible), played 15 matches and invested 3 million euros in the club
Aston Villa coach on Manchester United penalty: A shameful decision
Paul Pogba: Winning the Europa League and the FA Cup are two of Manchester United's goals for this season
Manchester United's first ever Premier League win 4 consecutive games with a difference at least 3 goals
Brunu has scored 7 (4+3) points in his last 3 games for Manchester United