Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари

Од: А1он

На светските берзи минатата недела цените на нафтата остро паднаа, паѓајќи на нивоа од февруари оваа година под притисок на загриженоста дека рецесијата во глобалната економија може да доведе до пад на побарувачката за енергетски производи.

dobivaj vesti na viber

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела ослабе за 8,7 отсто, на 94,92 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 9,7 отсто, на 89,01 долар.

Значителен пад на цената на нафтата уследи по падот во јули, при што на лондонскиот пазар барелот падна за околу 4 отсто, а на американскиот пазар за речиси 7 отсто. Цената на нафтата на меѓународните пазари сега е на најниско ниво од февруари годинава.

Трговците со нафта минатата недела беа загрижени од силната инфлација, забавувањето на економскиот раст и побарувачката, а уште поголем пад на цената на барелот беше ограничен поради тесната понуда.

Загриженоста за рецесија се интензивираше откако британската централна банка во четвртокот ги зголеми каматните стапки на 1,75 отсто, највисоки во последните 27 години, и предупреди дека економијата оваа година може да западне во рецесија која би можела да трае до 2024 година.