Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ЦУК: Пожарот во Охрид се уште е активен - екипите се повлекоа од теренот

Пожарот кај Охрид, во планината помеѓу с.Вапила и с.Расино за кој информиравме и претходно, се уште е активен, потврдија од ЦУК вечерва за Прес24.

Гори деградирана шума, досега се опожарени околу 12 хектари површина.

„Во текот на денот на пожарот интервенирале две ПП возила и шест пожарникари од ТППЕ Охрид, 20  вработени од ЈП национални шуми подрачна единица „Галичица“ – Охрид и околу 10 жители од месното население. Но, поради непристапност на теренот во ноќни услови во моментов екипите се повлечени од терен“, информираат од РЦУК Охрид.

Во текот на вечерта, направен е план за интервенција уште во раните утрински часови.

„Договорено е наутро во 04,30 часот екипи од ТППЕ Охрид, тим од ДЗС Охрид, екипа од вработени во ЈП национални шуми подрачна единица „Галичица“ – Охрид и  жители од месното население да излезат на терен и да продолжат со гасење на пожарот. Состојбата се следи“, известуваат од РЦУК Охрид.