Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

У14: Два гостински порази на македонските кошаркари од Црна Гора

Македонската машка кошаркарска селекција до 14 години, која се подготвува за настап на традиционалниот меѓународен турнир „Словенија Бол“, непосредно пред заминувањето за Словењ Градец, одигра два контролни натпревари на гостински терен против Црна Гора и претрпе два порази.

На првиот меч, домаќинот славеше со 87:75, а во листата на стрелци Ефтимовски запиша 20 поени, Терзиевски имаше 15, Ѓорѓевиќ 12, а Миленковиќ и Нешовиќ постигнаа по осум.

Младите Црногорци беа подобри и на втората „контрола“. Во доста ефикасен натпревар, денеска славеа со (93:83). Во македонските редови најефикасен повторно беше Ефтимовски со 19 поени.

Веќе традиционално, македонските кошаркари ќе бидат дел од учесниците во машкото издание на 16. по ред, турнир „Словенија Бол“. Од 24. до 28. август избраниците на селекторот Александар Јованчев ќе се натпреваруваат против селекциите на Хрватска, Словенија и Бугарија. Во другата група се Црна Гора, Полска, Унгарија и Израел.