Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Уапсен е српскиот силувач против чие интервју се одржаа протести во Белград

Како што дознаваат српските медиуми, Милошевиќ е уапсен поради загрозување на безбедноста. Тој беше пуштен на слобода на 20 септември откако помина 15 години во затвор за повеќе силувања.

Белградското обвинителство објави дека кривичната пријава против Милошевиќ ја поднел таблоидот Информер. Во соопштението наведуваат дека е објавен разговорот со новинарките и дека на Милошевиќ му е одреден притвор од 48 часа.

„Од тврдењата во пријавата кривичното дело е извршено на ден 27.9.2022 година на штета на новинарките кои го воделе интервјуто со пријавениот, а во врска со разговорот со него, односно давањето изјави за време на снимањето“, наведуваат од обвинителството.

Милошевиќ бил апсен повеќе пати и наводно почнал да силува на тинејџерска возраст. Во затвор минал 15 години.

Објавата на интервјуто предизвика осуда, а беа одржани и протести на кои се бараше затворање на таблоидот.