Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Уште еден доказ дека Ѓоковиќ е крал на тенисот: Важен детаљ од статистиката за последниве 10 години

Новак Ѓоковиќ со 36 години е најдобриот тенисер на планетата, што само по себе е достојно за секаква почит во конкуренција на помладите талентирани ривали. Сепак, не сите се склони да ги признаат достигнувањата на Ноле и често да ги минимизираат неговите успеси.

Тие се особено гласни кога се во прашање споредбите со Роџер Федерер и Рафаел Надал, но уште еден во низата податоци што одат во прилог на српскиот ас “ископаа“ вредните статистичари.

Имено, последен пат Новак загуби сет против Шпанецот на тврда подлога пред приближно десет години, на УС Опен во 2013 година!

Тогаш Рафа победи со 3:1 во финалето. Двајцата од тогаш немаат одиграно многу натпревари, само девет, но Надал секој пат губеше со максимален резултат.

Податоци кои добиваат уште поголемо значење кога се знае дека во тие десет години Ноле загуби 62 сета на тврд терен.