Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Вардар и Еурофарм Пелистер победнички тргнаа на турнирот во Струга, но не им беше лесно

Вардар благодарение на искуството и одличниот Томовски на голот, дојде до победата на Алкалоид кој оваа сезона е предводен од Кире Лазаров како тренер.

На почетокот не изгледаше дека ќе биде тесно, Вардар имаше 10-5 во првиот дел, но до одморот даде само два гола, а Алкалоид пет, па на одморот се замина со 12-10. Во второто полувреме Алкалоид тргна одлично, со 3-0, и дојде до водство. Остатокот од мечот беше тесен, вардарци кога и да се одлепеа за некој гол, Алкалоид стигнуваше. На крајот сепак поискусниот победи со 24-22.

Филип Талески со седум голови беше најефикасен во составот на Вардар.

Еурофарм Пелистер важеше за голем фаворит во дуелот со Струга, но дури во последните минути успеа да го скрши отпорот на домашниот тим и да победи со 27-23.

Поради временските услови, овој меч се играше во спортската сала во Струга, „Нико Нестор“.