Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Варварска ММА борба: Удирал онесвестен противник, навивачите згрозени

Неодамнешен ММА настан во Полска, каде што две „екипи“ се тепаа меѓу себе истовремено во кафез, беше жестоко критикуван од навивачите откако еден од борачите бил удиран во главата додека бил во несвест.

Промотерите на борбите постојано бараат нови и иновативни начини за привлекување публика преку модифицирање на ММА правилата, а последен таков пример е настанот наречен „Војна 3“, кој, судејќи според снимките што се појавија на интернет, го оправда името.

За повеќето луѓе, ММА е спорт за „еден на еден“, но што би се случило доколку стане тимски спорт? Одговорот беше многу насилен, можеби повеќе од очекуваното.

*Внимание! Содржината на видеото може да ве вознемири!

Како што можете да видите, тепачката била организирана „пет на пет“, а тројца судии ја надгледувале тепачката. Но, многу брзо ситуацијата ескалирала и судиите повеќе не можеле да ја контролираат ситуацијата.

Еден борач бил нокаутиран и во еден момент се онесвестил, но неговиот агресивен противник не запрел. Додека нокаутираниот лежел неподвижен, противникт продолжил силно да го удира со тупаница во главата пред судијата да забележи што се случува и да дотрча да ја прекине агонијата на борачот кој неподвижен лежел на подот.

Оваа борба беше цел на екстремни критики од ММА фановите на интернет поради варварскиот карактер на борбата, како и дефинитивната негрижа за здравјето на борачите.