logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo
star Bookmark: Tag Tag Tag Tag Tag
Macedonia

(ВИДЕО) Ацевски: Груевски ја терал Јанкуловска да лаже дека убиецот не бил дел од неговото обезбедување

Деновиве јавноста гледа како оние што се обидоа да прикријат убиството на Мартин Нешковски поради полициска бруталност, на дрзок и  безобразен начин, преку извртување на вистината, се обидуваат да се исперат за своите злодела, изјави на денешната прес конференција на Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ.

„Тие ли најдоа да зборуваат за Мартин Нешковски?  Да не бевте вие, новинарите, убиството ќе останеше скриено до крај.

Што покажува објавената подолга снимка од разговорот помеѓу Груевски и Јанкуловска. Само го потврдува она што јавноста веќе многу добро го знае.

Никола Груевски ја терал Гордана Јанкуловска да лаже дека убиецот не бил дел од неговото обезбедување!

Дури отакако медиумите го открија случајот, ги фаќа паника, заедно коваат план како да прикријат, јавноста да не ја дознае вистината и договараат медиумски спектакли исто како за Љубе Бошковски!

Груевски зборува дека ќе го разрешел Урко – а тоа не се случува. Урко е разрешен дури 3 ипол години подоцна.

Обезбедувањето на Никола Груевски кој беше дел од неговата партиска полиција уби млад човек.

Неговата министерка го криеше убиството. Нивниот портпарол на МВР криеше убиство. Груевски ангажирал да го штитат луѓе кои убиваат. Јасно е. 

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ до денеска не научија, дека од вистината и од одговороноста бегање нема! Никола Груевски ќе се соочи со казната.“, заклучи Ацевски.

All rights and copyright belongs to author:
Themes
ICO