Macedonia

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Боки 13, кој ја носеше ташната со милиони кажа дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев

„Парите од Рекет барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев“, ова не се зборови на некој новинар или политички опонент на СДСМ, ова се зборовите на Боки 13, човекот кој целата јавност го виде како заедно со Зоки Кичеец носи торба Луј Витон полна со изрекетирани милиони.

Боки 13 е директниот извршител во Рекет. Парите кои тој ги изрекетирал завршиле директно кај Заеви.

Исказот на Боки 13 денеска од суд и претходните докази и аргументи кои ги изнеси се повеќе од доволни Зоран Заев уште денеска да биде повикан во ЈО и да биде отворена истрага против него“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„ЈО на Русковска премолче и не отвори истрага против Заеви кога Боки 13 од суд кажа дека добил порака од Заев лично на 16 април да се видат и да се соочат со доказите. Тоа се 5 дена пред Зоран Заев како што самиот кажа подоцна откако имаше притисок од целата јавноста во Република Македонија го пријави Рекет случајот токму кај истата Русковска.

Што криеше Заев и зошто не го пријавил случајот веднаш?! Менаџирал со докази, прикривал, уништувал или пак изменувал?!

Русковска го премолче тоа и не отвори истрага. Исто како што молчи цела година и внимава трагата да не не однесе токму до главата на октоподот а тоа е Зорна Заев.

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод. Тој е човекот кој го менаџирал случајот, а ЈО и судот се прават дека од дрвото не можа ја видат шумата.

Заев ги лаже граѓаните и институциите во Македонија, а Русковска му дозволува да помине неказнет.

По денешниот исказ на Боки 13 очекуваме ЈО итно да смогне сили и храброст и да го повика Зоран Заев на распит, да му го земе телефон на вештачење и да отвори истрага против него.

За ваквото непостапување на ЈО и штитење на Заев одговорност ќе има многу брзо.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме со Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и нашиот народот ќе ја направи разликата“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Football news:

Griezmann scored in La Liga for the first time since February with a pass from Messi
Suarez came out on the 3rd place in the list of the best Barca Goalscorers in history
Guardiola lost 3 away games in a row in the League for the first time in his career
About Lautaro Marotta: He has not shown the slightest desire to leave
Conte on 1:2 with Bologna: Inter's Level is much lower than expected
Jurgen Klopp: Liverpool need three points, not a record. You can't break a record if you think about it all the time
Klopp on 2-0 with Aston Villa: Liverpool are successful because they win difficult matches