Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

(ВИДЕО) Ја запроси за време на натпревар, но таа му удри шлаканица

Од: А1он

Ако луѓето до сега не го сфатиле тоа – спортските натпревари не се добри места за запросување. Особено не кога сето тоа ќе испадне дека е несолена шега.

dobivaj vesti na viber

Романтика, паѓање во клише и „клекнување“ на спортски натпревари…

Никогаш не беше добра идеја бидејќи секогаш ќе го има тоа чувство „уште едно по ред“. Најновото видео е најдобар показател зошто оваа практика треба да се напушти.

Бејзбол натпреварот помеѓу Торонто Блу ​​Џејс и Бостон Ред Сокс стана светска сензација поради тоа што се случи на трибините.

Имено, еден дечко мислел дека е одлична идеја да запроси девојка на трибините (најверојатно затоа што сакал да биде пред камерите) и додека девојката се враќала на трибината, тој застанал пред неа и клекнал.

Следеше познатото прашање „Ќе се омажиш ли за мене?“. Наместо „да“ што го очекуваше, доби шлаканица.

Да, вистинска шлаканица. Оваа убавица не можеше подобро да покаже колку не ѝ се допаѓа моментот кој засекогаш ќе го памети дека е во паузата меѓу реклами и бејзбол натпревар. Сепак, таа можеби ќе го надминела тоа доколку младиот човек не извадел пластичен прстен кој всушност е играчка.

Таа му удри шлаканица, а тоа ги шокираше сите на трибините. Мислеше дека дојде моментот што го чекаше и сето тоа беше само една несолена шега.

Не и се допаднало недостатокот на креативност, оригиналност, па решила тоа директно да му го покаже.