Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

(ВИДЕО) Каевски: Очекувам пратениците да застанат спроти блокадите на Мицкоски

„Очекувам конструктивност од голем број на пратеници, дека ќе бидат наспроти деструкциите и блокадите којшто ги прави Христијан Мицкоски  и неговиот партнер Димитар Апасиев затоа што сега е време да покажеме дека заеднички можеме да се избориме да продолжи државата по европскиот пат, да продолжиме во целиот овој процес затоа што е важен и за државата и за граѓаните“. Ова го истакна пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски одговарајќи на новинарско прашање.

„Јас очекувам во периодот што следи да се отворат и широки дискусии, разговори со сите поединечно се со цел државата да продолжи по европскиот пат оној којшто го избраа поголемиот број на пратеници во Собранието, оној пат позди којшто стојат и граѓаните и е во насока и во интерес на државата.

Предверемени парламентарни избори нема да има. Изборите ќе бидат редовни и ќе бидат 2024 година . Многу пати кажавме дека сега не е време за предвремени избори, сега е време за држават да оди напред, да го помине целот процес, да ги отвори поглавјата со ЕУ се со цел државата да продолжи да оди напред“, додаде Каевски.