Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВИДЕО: Напад од мечки во Жировница – Жителите сведочат за блиските средби со нив

Жителите на селото Жировница алармираат дека во последно време се соочуваат со зголемен напад од мечки. Како што појаснуваат, мечките се почесто влегуваат во нивните домови, го оштетуваат нивниот имот, а ја јадат и стоката која ја чуваат.

Жителите остварија средба со директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на кој му го кажаа проблемот со кој се соочуваат.

Изедени овци, крави, телиња, превртени контејнери, оштетен имот е секојдневната слика на жителите од ова село лоцирано во Маврово-Ростуше.

ВИДЕО: Напади од мечки во Жировница pic.twitter.com/fKwxaAjbwq

— Курир (@KurirMK) September 29, 2023

-Имам пчеларник од околу 50-60 пчелни семејства. До 2018 година немавме скоро никакви напади, но од 2018 година наваму, особено годинава кај мене барем влезена е мечка 5-6 пати. Меѓу другото влези и дома кај мене, ми ја растури кујната. Очи во очи блиска средба да имаме со мечка овде веќе е нормално. Народот се брани кој како знае, најмногу со петарди , вели Ахмети Ахмет.

Друг пчелар кој вели дека имал 80 пчелни семејства сега нема ниедно. Мечките доаѓаат, ги земаат сандаците и си заминуваат, објаснува тој.

-Јас спиев таа го удри стаклото на вратата силно. Стаклото падна пред вратата и јас станав. Излегов со светло и викав бегај, бегај и тропав. Додека дојдат другите, мечката отиде. Сама сум, страв ми е, не спијам. Лекови ми дадоа за стресот, со солзи во очите сведочи Зекири Ајзе од истото село која имала блиска средба со мечка.

-Мечката влегува во мојата штала, скоро секој втор ден, досега има изедено десетина овци, вели жител на Жировница.

Напади од мечки во Жировница pic.twitter.com/dkeTpZiGML

— Курир (@KurirMK) September 29, 2023

Од општината информираа дека на вонредна седница барале воведување кризна состојба.

-Врз основа на донесениот заклучок на вонредна седница од страна на Советот на Општина Маврово и Ростуше, Општината до Владата на Република Северна Македонија поднесе Информација со барање за прогласување кризна состојба на цела територија на Општина Маврово и Ростуше. Општина Маврово и Ростуше ги превзеде сите активности и мерки кои се во своја надлежност, се со цел да ги заштити своите граѓани. Исто така ги повикуваме Министерството за Животна Срдина и Просторно планирање, Министертвото за Земјоделство, шумарство и водостопанство, НП Маврово, ЦУК и сите други институции кои се надлежни за решавање на овој голем проблем со мечките и дивите свињи да се стават во функција за што поскоро решавање на истиот, со што ќе ја вратиме безбедноста на нашите граѓани.“, стои на фејсбук страната на општината.