Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВИДЕО: Ново руво на популарната игра со пукање: Конечно објавена „Counter Strike 2“

Неодамна „Valve“ ги праша своите фанови на социјалните мрежи што ќе прават во среда, а сега знаеме и зошто.

Денеска официјално е објавена „Counter Strike 2“, а играчите можат да тестираат без разлика на тоа дали користат „Steam“.

Станува збор, имено, за бесплатна надградба за досегашниот „CS: GO“, со низа подобрувања и промени.

Од „Valve“ велат дека ги делат мапите во три категории, дека димните бомби изгледаат пореалистично, а вклучен е и нов систем за рангирање на играчи.

Исто така, тука е и еден нов „achievement“ – A New Beginning, но во суштина, изгледа дека овој пат креаторите се одлучиле за повеќе козметички измени.