Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

(ВИДЕО) Шокантна приказна на Иван за битката со брановите: Тоа ми беше најлошиот роденденски подарок

Од: А1он

Пред точно еден месец 30-годишниот скопјанец Иван заедно со своите пријатели исчезна на отворено море од плажата Мити, на Халкидики.

dobivaj vesti na viber

Тој за грчката телевизија „Скај“ ја раскажа својата приказна за преживувањето и спасувањето. Иван поминал повеќе од 20 часа во море, сам и беспомошен.

„Тоа ми беше најлошиот роденденски подарок“, изјави тој.

Го опиша хоророт кога струите го носеле кон отворено море.

„Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрате на својот опстанок. Најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето“, вели Иван.

„Само благодарам, вистинска благодарност до сите што учествуваа во моето спасување, без разлика на нивната улога“, изјавува Иван сеќавајќи се како се чувствувал кога сфатил дека хеликоптерот што лета над него го забележал.

Набргу по исчезнувањето на 9 јули, од морето беше извлечен неговиот пријател Васил, а потрагата по Мартин Јовановски (31) од страна на грчката крајбрежна служба ОФКАТ официјално прекина пред десетина дена, но пријателите не се откажуваат и остануваат да го бараат на бреговите на Халкидики.