Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

(ВИДЕО) Сведоштво на мобилизираните Руси: Една недела живееме како животни

Од: А1он

Руската Правда, познат како медиум кој го поддржува Владимир Путин, пишува за хаосот кој настанал откако Русија мобилизирала неколку стотици војници и ги испратила на обука во Белгород и Таман.

dobivaj vesti na viber

Според Правда, војниците на 1. тенковски баталјон и на 1. дивизија Таман не потпишале никакви договори со руската држава. Добиле митралези, но без воени документи. Мобилизацијата никако не беше официјализирана, ниту се отворија банкарски сметки за плати. Борците беа испратени во шумите каде што живеат во рововите што ги ископаа веќе шест дена. Еден медиум близок до Путин ги објави признанијата на војниците кои го опишуваат хаосот на бојното поле.

„Не ни дадоа шатори, живееме во ровови што самите ги ископавме. Во моментов овде во Таман сме 400 и не планираме да одиме никаде додека не добиеме помош од државата“, вели еден од мобилизираните војници во Таман, додека друг потврди дека и во Белгород нема ништо подобро:

„Ние сме околу 500 вооружени, но никој од нас не е ангажиранза ниту една единица, една недела живееме како животни без логистичка поддршка. Немаме апсолутно ништо, никој и не ни се јавува, сами си купуваме храна, да не зборуваме за муниција“ вели во видеото еден од новомобилизираните.