Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Владата незадоволна од работата на „Водостопанство“ бара разрешување на директорот

Откако првиот човек на ССМ ја информираше јавноста за состојбите во државното претпријатие, синоќа на владина седница било отворено ова прашање.

Владата потоа соопшшти дека ја разгледала информацијата пристигната од ова државно претпријатие во кое бил содржан план за активности за зголемување на приходите за 10 проценти и за намалување на расходите за 20 проценти. Поточно, пред извесно време Владата побарала од  „Водостопанство“ појаснување околу утврдувањето на зголемувањето на надоместокот на услугите и тогаш упатила барање за ревидирање на платите во претпријатието.

Владата синоќа донела заклучок со кој го задолжила Управниот одбор да го раскине менаџерскиот договор со директорот и во иднина сите нови договори да се склучуваат со претходна согласност со Министерството за финансии.

„Надоместоците за членовите на Управниот одбор во наредните 12 месеци да се намалат за 50 проценти. Во насока на намалување на расходите, Владата го задолжи АД 'Водостопанство' да ги намали капиталните инвестиции во износ од 100 милиони денари со што се намалува финансискиот план за износот кој што е предложен од нивна страна“, се вели во соопштението во кое не е наведен проблемот со неисплатените плати за четири месеци за вработените, нешто на што алармираше претседателот на ССМ.