Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Артан Груби ја направи Македонија партнер во бизнис со бугарски мафијаш дел од кривични постапки кој се наоѓа во притвор!?

Дали Артан Груби ја направи Македонија партнер во бизнис со бугарски мафијаш дел од кривични постапки кој се наоѓа во притвор!? Прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Со потпис на Груби е овозможено формирање на три нови фирми за коцкање. По одлуката на Груби, Лотарија каде директор е шефот на кабинет на Груби распишува оглас во кој се пресликува фирмата 8888.бг на Васил Бошков Черепот, бугарски мафијаш, за кого и Блумберг пишува дека е криминалец, кој се поврзува со многу тешки кривични дела. Истиот веќе подолг период е во притвор во Бугарија и против него се водат сериозни постапки. Дали Груби ја понижува државата и истата преку Лотарија треба да влезе во бизнис со криминалец во притвор? Македонија со Груби станува дива коцкарница, каде коцкање ќе организираат белосветски мафијаши, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова лудило мора што побрзо да запре. Потребни се промени, порачаа од опозициската партија.