Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата на клептоманите од СДС и уценетата Арсовска има за цел да дефокусира од неспособноста на дезертерот Ковачевски

Портпаролот на коалицијата помеѓу клептоманите од СДСМ и уценетата Данела Арсовска и денес сее магла за да ги покрие скандалите на неспособната Влада и дезертерот Ковачевски, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Најдобар демант за неговите обвинувања даде ЕИБ која потврди дека целиот проект се водел согласно водичот за набавки на банката. Со тоа европските институции застанаа зад работењето на Перински, а контра обвинувањата и барањата на Арсовска. Тоа што СДС упорно напаѓа една кристално јасна постапка, говори дека можеби тие имаат некој бизнис интерес. Поддршката на СДС која и ја даваат на Арсовска е очигледна, што преку пресови, што преку скапо платена кампања среде криза. Очајниот дезертер Ковачевски не бира средства и е штеди пари да ја дефокусира јавноста од својата неспособност и од економската и енергетска катастрофа која ја предизвика, велат од партијата.

„На народот му е јасно и затоа ваквите манипулации на антимакедонската СДСМ не поминуваат“ – посочуваат од партијата.