Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Во Англија и Велс во 2021 година, повеќе деца се родиле вонбрачно отколку во брак

Треба да се земе предвид дека бројките се совпаѓаат со карантинот поради пандемијата, кога не беа дозволени венчавки и склучување граѓански партнерства. Во Англија и Велс во 2021 година се регистрирани 624.828 живородени деца, објави Канцеларијата за национална статистика (ОНС).

Од нив, 320.713 се од жени кои не биле во брак или во граѓанско партнерство, што е околу 51,3 отсто од вкупниот број, наспроти 304.115 за родители кои биле во брак или во граѓанско партнерство.

Ова е прв пат од почетокот на водењето на ваква статистика во 1845 година. Д-р. Џејмс Такер, водител на здравствената анализа при ОНС, рече дека бројките го следат „долгорочниот тренд на пад на стапките на бракови и сè поголемиот број парови кои живееат во вонбрачна заедница што е забележан во последните децении“.

„Сепак, треба да се биде внимателен кога се толкуваат денешните бројки бидејќи сè уште не го знаеме целосниот ефект на пандемијата врз статистиката на бракот и граѓанското партнерство“, додаде тој.

Бројките, исто така, покажуваат дека стапката на плодност е во пораст за прв пат од 2012 година - на 1,61 дете по жена во 2021 година од 1,58 во 2020 година. Стапката во 2021 година е сè уште под таа од 2019 година. 624.828 живородени деца регистрирани во 2021 година претставува зголемување од 1,8% во споредба со 2020 година.

Ова е прво годишно зголемување на живородените деца од 2015 година, иако сè уште е под бројот на раѓања во 2019 година. И минатата година „останува во согласност“ со долгорочниот тренд на пад на живородените деца од пред пандемијата на коронавирусот, објави ОНС.