Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Во експлозија при научен експеримент за време на фестивал во Шпанија повредени 18 лица, меѓу кои 10 деца

Од: А1он

Во експлозија на научен фестивал во североисточна Шпанија повредени се најмалку 18 лица, меѓу кои 10 деца на возраст од три до 13 години, јави ДПА. Некои од повредените се во тешка здравствена состојба.

dobivaj vesti na viber

Експлозијата се случи за време на демонстрација во Домот на културата во каталонскиот град Жирона, на околу 100 километри североисточно од Барселона. Фестивалот беше организиран од локалниот универзитет.

За време на експериментот, контејнер со течен азот експлодирал пред публика од 200-300 луѓе, повеќето од нив семејства со деца. Повеќето од повредените настрадале од разнесените делови од експлодираниот метален контејнер. Нема луѓе со изгореници.

Најлоша е состојбата на петгодишно девојче. Заедно со уште четири лица, две деца и двајца возрасни, биле примени во болницата во Жирона.

Случајот го истражува каталонската полиција. Портпаролот на Универзитетот во Жирона изјави дека овој експеримент многупати бил правен без проблеми и сега не е јасно зошто дошло до сериозниот инцидент.

Извор: МИА