Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Во ЕУ инфо центарот промоција на романот „Библиотекарката од Аушвиц“

Книгата на македонски јазик е објавена од издавачката куќа „Бата прес“, а на промоцијата ќе учествува и авторот Итурбе.

Станува збор за роман кој е преведен на повеќе од 30 јазици. Книгата е дел од проектот на издавачот „Отворени книги, отворени граници“ и е поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и од Секторот за европски интеграции во Министерството за култура.

Македонското издание медиумската најава ја имаше на „Фестивалот на книгата 22“ и за романот има голем интерес меѓу љубителите на книгата кои сега ќе имаат можност да се сретнат со авторот. Настанот е отворен за сите посетители и е бесплатен.

Антонио Итурбе (Antonio Iturbe) е писател, новинар и универзитетски професор. Роден е во 1967 година, а уште од рана возраст живеел во Барселона. Со романот „Библиотекарката од Аушвиц“ стекна светска слава, кој беше и најпродаван роман според „Сандеј тајмс“