Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Во Виница промоција на стрип албумот „Аегри сомниа“

Станува збор за антологиско збирно издание составено од кратки стрипови, со кое се заокружува досегашната соработка на авторите која е започната во 2012 година, и претставува нивни прв заеднички стрип албум, иако и двајцата автори досега веќе имаат реализирано поголем број стрип публикации.

Насловот на изданието кое во превод значи „сон на болниот човек“, алката која ги поврзува стриповите во албумот е преклопувањето на две димензии.

„Во овие седум кратки приказни се поместуваат границите помеѓу реалноста и сонот, свесното и несвесното, сето тоа претставено на еден по малку надреалистички и симболичен начин, создавајќи една целина“, изјави Дарко Богданов.

Стрип албумот е самостојно издание на авторите и е финансиски поддржан од Министерството за култура како дел од Годишната програма од национален интерес за 2020 година.